Wednesday, December 24, 2014

Џингл за предновогодишното топлење на ГТЦ

Џингл за предновогодишното топлење на ГТЦ.
За сите радија кои сакаат да ја споделат информацијата.




Повеќе информации: тука.

Friday, December 19, 2014

Предновогодишен протестен настан: Во Новата година со стариот ГТЦ!

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

Постојат моменти кога ние, мирните и обични граѓани на Скопје, мора јасно и гласно да го искажеме нашиот став.
Дојден е моментот во кој треба да покажеме дека ние пресудуваме за иднината на градот и за нашата иднина во него.
Ве повикуваме на заедничка акција за зачувување на архитектурата, карактерот и духот на нашиот Градски Трговски Центар - ГТЦ, затоа што секоја негова несоодветна промена е сквернавење и на нашите спомени и лични истории.
ГТЦ е нераскинлив дел од Идентитетот на Скопје, негов знак за препознавање, наше градителско, историско и културно Наследство. 
ГТЦ е повеќе од зграда, тоа е еден Модерен градски Предел и Пејзаж кој му ја донесе Модерноста на градот, како негово цивилизациско „впишување“.

ГТЦ Е СЛОБОДА И ПРАВО НА ГРАД!


ГТЦ мора да остане отворен, проточен за пешачко движење, функционален, автентичен, градски...

ГТЦ треба да се реконструира, но автентично, треба да се „подмлади“, за да блесне во сиот сјај! Треба да заживее кровната тераса, да се интервенира со нова програма, а не со кулиси.

ГТЦ е Срцето на градот кое чука за сите нас, а наша должност е да го сочуваме за генерациите што доаѓаат.


Дојдете пред ГТЦ на 28.12,2014 (недела) во 19:00, достоинствено да застанеме на „барикадата“ која не смее да падне!
Дојдете да си го гушнеме, да си го стоплиме!



Ќе има јавни говори, музика и ќе направиме жив ѕид околу ГТЦ.
За ГТЦ ќе зборуваат: Даница Павловска Циги, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, Мартин Гулески, Донка Барџиева Трајковска, Василка Димитровска, Јовица Ивановски и Томислав Османли.
Музичка поддршка ќе дадат: Ана Костовска, Лева Патика, Мирко Попов, The Џака Накот, Костадин Шурбановски, Симон Киселички, Збир од Скопски анонимни музичари. 
А настанот ќе го водат: Огнен Јаневски, Марин Бабиќ и Сања Арсовска.

Да порачаме дека Скопје го сака ГТЦ! 
Да порачаме дека треба да му се посвети вниманието што го заслужува и да се зачуваат неговата посебност и квалитети.

Во Новата година со стариот добар ГТЦ!

**********

Настанот е инициран од иницијативата ГО САКАМ ГТЦ, а е поддржан од Асоцијацијата на архитекти на Македонија и граѓани кои го сакаат и ценат ГТЦ.

Facebook настан: тука 
Промотивни материјали: тука
Во новата година со стариот ГТЦ: видео
Покана за настанот од јавни личности: групно видео; одделни видеа
Џингл: тука
За информативен пулт: тука

Контакт:
Е-mail: GoSakamGTC@gmail.com
Facebook: www.facebook.com/GoSakamGTC
Blog: www.GoSakamGTC.blogspot.com
Twitter: www.twitter.com/GoSakamGTC

Промотивни материјали за настанот на 28.12.2014 - Го сакам ГТЦ

Информации за настанот: тука

АНИМИРАНИ БАНЕРИ


468x60


665x80



300x264

FACEBOOK КАВЕРИ

FB кавер 1


FB кавер 2

ФЛАЕРИ
PDF за симнување: тука. (4 различни предни страни и 1 задна)


флаер, предна страна

ПОСТЕРИ


ПРОФИЛ СЛИКА



профил-слика


Thursday, December 11, 2014

Информативен пулт - Го сакам ГТЦ

Од 12.12.2014, петок, од 17:00, започнуваме да ги информираме нашите сограѓани за настанот на 28-ми и заложбата за автентично идно третирање на ГТЦ, преку информативен пулт поставен во центарот на градот.
Додека чекаме одговор од Град Скопје за локацијата пред ГТЦ кон плоштадот, ќе бидеме лоцирани на почетокот од улица Македонија, исто така кон плоштадот, за која добивме одобрение од Општина Центар.
Ќе бидеме таму секој ден до настанот освен недела од 17:00 до 21:00, а некогаш и од порано, од 14:00.

Секој ден на штандот ќе има различен домаќин - архитекти, активисти, јавни личности.
 
**********
За да бидеме присутни поголем дел од деновите и во јавен простор, сечија добронамерна поддршка е добредојдена.
Секој кој може да волонтира во активностите, може да се пријави преку порака на e-mail: GoSakamGTC@gmail.com или да се запише на списокот кој ќе биде оставен на штандот.

Заедно за ‪#‎ГТЦ, заедно за срцето на градот!


 

Wednesday, December 10, 2014

Покана за настанот за одбрана на ГТЦ

Архитекти, уметници, новинари, граѓани... го потврдуваат своето присуство на големиот настан за одбрана на ГТЦ на 28.12.2014 од 19:00 и ги покануваат останатите сограѓани да им се приклучат!


Дај ја својата поддршка и ти! 

Во споделување на информацијата, поделување флаери, снимање изјава, пишување за ГТЦ, присуство на 28-ми покрај ГТЦ.
Секој добронамерен и креативен начин на поддршка е добредојден.
Контактирајте нè на: GoSakamGTC@gmail.com или на информативниот штанд кој ќе биде поставен на почетокот од улица Македонија кон плоштадот од 12.12.2014 (петок) од 17:00.


Заедно за ГТЦ да остане градски!
Во Новата година со стариот добар ГТЦ!

ГТЦ, остани свој! - Јорданка Ивановска - Јоци

Јорданка Ивановска - Јоци порачува: „ГТЦ, остани свој!“
(преземено од Facebook профилот на авторката со нејзина дозвола)




Мој скромен придонес против барокизацијата на ГТЦ, поточно нешто во духот на акцијата за одбрана на ова здание од налетот на примитивистичкиот и корумпиран естаблишмент. (јас не знам графички да дизајнирам, да дотерувам слики, но сум пишувач).

Всушност страната од ГТЦ, јужната од приземјето, која гледа кон паркот на Жената-борец е мојата омилена. Еве ќе ја наречеме-женската страна на ГТЦ.
Јас во овој трговски центар поминував часови и часови како дете-80-те години, а подоцна таму беа и едни од најдобрите дискотеки-„Огниште“ и „Мусандра“. Потоа „Змија“, „Чао“ и некои помали и потесни со краток рок на траење.
Го знам секој агол, секој валкан простор. Бидејќи ГТЦ во своите најдобри времиња имаше и светли, но и темни нечисти места, како на пример најдолниот дел, кај маркетот, драгсторот, „Шехерезада“, ташнарот, копчарот. Или страната од кај „Чичко Стоилко“, секогаш мрсна и со излепени мастики по плочникот.

Секако, не дека јас шетав како дете сама, туку по желба на мојата мајка, која го обиколуваше од 3 часот попладне (после градинка или училиште), па се до 20 часот вечерта, додека не се затвореа сите дуќани. Се познаваше со многумина по продавниците, таква и беше работата, контакти со многу луѓе, додуша таква и е отсекогаш и ѕвездата. И’ даваа попусти, отплата на илјада рати, вадеа ствари од под пултовите..имаше една жена , која се викаше Правда, а работеше во еден дуќан „Хит“, мислам дека денеска на тоа место се наоѓа „Пјер Карден“. Таму веројатно ми беше најдосадно, па затоа и изглегував надвор и шетав низ тој дел, кој гледа кон паркот. Во близина имаше едни црвени бутки за виршли, тој роштиљ шмек се ширеше насекаде.
Некаде околу 20 часот беше време за вечера-пица во „Ванила“ на крајот од трговскиот. Бујото донесе машини за пици на почетокот на 80-те и тоа беше вистински хит за скопјаните. Редици луѓе трпеливо чекаа за маса. Немаше карање, буткање, скокање преку ред, навреди како денеска. Луѓето тогаш беа попристојни, потрпеливи, поголеми дами и џентлмени..и не влегуваа со автомобилите во срцето на трговскиот центар. Имаа манири, а и мнозинството имаше пари.

ГТЦ е базата на модата и забавата во 80-те и 90-те. Модерна бела градба која како магнет те влече макар и само да поминеш низ него, а ништо да не купиш. Да се надишеш екстраваганција, да се почуствуваш скопски. Таму беа „Трготекстил“, „Југоекспрт“, „Словенија спорт“, „Мура“, нешто незамисливо за денешно време, кога кинеската, турска и корејска мануфактура владее со секоја пора во градот. А и така некако се однесува мнозинството-лажно и ефтино. Прикладно на ова време.

СЕкако ГТЦ не беше само една голема продавница. Тука е и небото кое се гледаше кога ќе ја подадеш главата од железните шипки и ќе погледнеш нагоре. Беше прекрасна глетка кога ќе почне да врне снег.
Она поважното, кај некој столб, агол, излог, тука е веројатно и трагата од понекој бакнеж. Всушност, на секој агол веројатно има по некој бакнеж, кој барокот чека и се надева дека ќе го измие како со белило од хлор.

Како се случи блиски членови од семејството Бајрам заедно со владата меѓудругото да одлучуваат за нешто толку важно за граѓаните на овој град? Не го знам одговорот искрено. Знам само дека не смее да се дозволи, не смее да се развее бело знаме за барок-примитивизмот.

Јорданка Ивановска - Јоци

Wednesday, September 11, 2013

Го сакам ГТЦ


Го сакам ГТЦ! 
Терасите, рампите, ходниците, тремовите, деталите, целината, просторот кој е градски!

Септемвриска фото-сесија од Градскиот трговски со пораката од собирите за зачувување на неговата автентичност „Го сакам ГТЦ!“.

Активностите, помали и поголеми, 
помалку или повеќе видливи за јавноста, се во тек цело време, и продолжуваат. Повеќе информации наскоро.