Showing posts with label настани. Show all posts
Showing posts with label настани. Show all posts

Monday, July 22, 2013

Го сакам ГТЦ vol.6

Во четвртокот, на 25.07.2013 се одржа шестиот по ред настан со мотото „Го сакам ГТЦ“, четврти пат во обликот јавна трибина- форум. На ГТЦ Форум говореа: Билјана Филиповска, Тони Димков, Билјана Секуловска Ива и Јован Балов. 
Претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска Циги, даде увод во настанот со презентирање на текот на институционалната борба за зачувување на ГТЦ. 
























Monday, July 1, 2013

Го сакам ГТЦ vol.3

Третиот настан организиран од иницијативата ``Го сакам ГТЦ`` се одржа во паркот Жена Борец. Настанот е наречен ГТЦ ФОРУМ и претставува отворена трибина за јавна дебата на стручната јавност од повеќе полиња : архитектура, уметност, новинарство и др. како и за секој граѓанин со била каква позадина.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=28378

Го сакам ГТЦ vol.2

Вториот настан организиран од иницијативата ``Го сакам ГТЦ`` се одржа во паркот Жена Борец, од јужната страна на Градскиот Трговски Центар.
На овој настан беа поставени три кутии во кои секој граѓанин можеше да напише порака до Управата на Градскиот Трговски центар, до архитектите на новата псевдоисториска фасада како и да одговорат на прашањето  Зошто го сакам ГТЦ?
Истовремено на една од терасите на објектот се проектираа досегашни цитати, изјави во новини и на социјалните мрежи.




Го сакам #ГТЦ. Уште повеќе го сакам изразот на човечка креативност и виртуозност, како што е ова архитектонско дело.




Зашто мора на другите да им откриеме дека не живееме во 21 век? #ГТЦ



Не можете да го менувате #ГТЦ како сакате! Немате право!!! На нашите родители од плата им било одбивано за истиот да се изгради!


Го сакам ГТЦ vol.1

На првиот настан организиран од иницијативата ``Го сакам ГТЦ`` присуствува луѓе од сите возрасти. Потребната бројка на луѓе за да се гушне целиот објект со широко раширени раце е 700 луѓе. На настанот присуствуваа над 1000 луѓе. Петицијата на денот на настанот ја потпишаа 4000 луѓе. Петицијата продолжи да се потпишува и другите денови и за една недела се достигна бројка од 5000 потписи.

Настанот беше пренесуван на националните телевизии : Телма, Алфа, 24 Вести, како и на веб порталите : А1 он, Оф нет, Нова тв, и други.

Приложените фотографии се од FOSM, offnet и други индивидуалци.


корисни линкови:


                                     





Се надевам дека #ГТЦ е брејкинг поинт.





Модерната архитектура го почитува јавниот простор и незабележливо се вметнува во него. Тој сеуште е отворен и пристапен за граѓаните. #гтц





Чаусидис: од сеќавањата останува само просторот. Времето поминало, луѓето ги нема. Од таму неговата вредност #ГТЦ




@BrozAll сите сакаме да се реставрира, но сме против правење на тоа на несоодветен, невкусен, нестручен и нетранспарентен начин #ГТЦ #ААМ