Monday, July 1, 2013

Го сакам ГТЦ vol.3: ФОРУМ ГТЦ (повик)

На 28.06.2013 се одржа третиот настан од серијата „Го сакам ГТЦ“ насловен ФОРУМ ГТЦ. 
Ги повикавме граѓаните преку Facebook настанот со следниот повик:




ГТЦ ФОРУМ е трет од серијата настани како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.

70% од објектот на ГТЦ е јавен простор. Тој, архитектонски, претставува „реплика“ на агора/форум, која ги канализира и физички ги опслужува општествените потреби на граѓаните на Скопје во последните четири децении. 
Во таа смисла, ГТЦ ФОРУМ претставува надоврзување на основната функција на овој објект како јавен простор.

ГТЦ ФОРУМ за првпат ќе се случи на 28.06.2013, петок, во Паркот „Жена-борец“ (кај споменикот на Славко Јаневски), со почеток во 20:00 часот.

Досега го потврдиле учеството:

Никос Чаусидис
Гоце Аџимитревски
Доминика Бошкова
Зоран Петровски
Александар Писарев
Бојан Иванов
Синоличка Трпкова
Барџиева Донка
Ѕвездан Георгиевски
Абаџиева Соња
Христина Ивановска

Покрај наведените учесници, во дискусијата слободно ќе можат да се вклучат сите оние кои сметаат дека за овој проблем треба да се разговара јавно.

На овој настан повторно ќе се собираат потписи за петицијата за зачувување на ГТЦ во неговата автентична физичка состојба, ќе се пишуваат мислења за самиот ГТЦ и пораки до архитектите на новата фасада и до управата на ГТЦ, а ќе може и да си земете маички „Го сакам ГТЦ“ по набавна цена од 250 денари.

Ве очекуваме.

No comments:

Post a Comment